Сообраќајката, како што јавува МИА, ја потврдила портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информирала дека дошло до директен судир на два автомобили, а пет лица се повредени и се пренесени во Струмичката болница.
За сообраќајната несреќа информираа и од Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Шест пожарникари интервенирале во извлекувањето на повредените, кои потоа биле предадени на екипите на Брза помош.
На местото на несреќата се врши увид. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата го насочува преку заобиколни патишта.
Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за подоцна.