Пет лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 13:50 на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево.

Сообраќајката, како што јавува МИА, ја потврдила портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информирала дека дошло до директен судир на два автомобили, а пет лица се повредени и се пренесени во Струмичката болница.

За сообраќајната несреќа информираа и од Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Шест пожарникари интервенирале во извлекувањето на повредените, кои потоа биле предадени на екипите на Брза помош.

На местото на несреќата се врши увид. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата го насочува преку заобиколни патишта.

Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за подоцна.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе