Пет лица повредени во сообраќајка

Во ОВР Струга во вечерните часови на 17 мај било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса" со албански национални ознаки, управуван од Л.Б. (23) од Република Албанија и автомобил „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управуван од Ј.Т. (38) од Албанија.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б.(39) и патникот во патничкото моторно возило „пасат", М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо" во Охрид. Со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга", информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе