Во Битола

Пешак тешко повреден во сообраќајка

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Климент Охридски“ во Битола.

Според информациите на МВР, автомобил„цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(39) од Битола удрило во пешак М.З.(79) од Битола.

„Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола“, информираат од МВР.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе