Пешак тешко повреден по удар од автомобил

Возач со автомобил удрил во пешак кај с.Долно Палчиште. по сообраќајката пешакот со тешки повреди бил пренесен во болница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Вчера во 21.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Пирок -Тетово, кај с.Долно Палчиште, патничко моторно возило „фолксваген поло" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ.(48) од Тетово, удрило во пешакот С.Г.(78) од с.Ново Село, тетовско.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Тетово.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе