Во Скопје

Пешак тешко повреден откако 19-годишен возач го удрил со автомобил

Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди" и бул.„Св.Климент Охридски", патничко возило даеву, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(58) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза", а Ф.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември".

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе