Пешак почина по удар од камион на стариот пат Охрид – Струга

Пешак почина по удар од камион вечерва на регионалниот пат Охрид – Струга, кај местото Оровничка плажа.

Информцијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој појасни дека товарно возило удрило во пешакот и починал на лице место.

„Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Оровничка плажа товарно возило удрило во пешак, кој починал на местото на незгодата. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош“, изјави Димоски.

Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, а сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации, полицијата најави за утре. 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе