Пејачот Кајмакоски тврдел дека поранешната сопруга му ставила дрога во кафето, таа вели: „Глупости“

МВР информира дека лицето Д.К., кој бил примен на скопските клиники, таму кажал дека му се слошило зашто во кафето поранешната сопруга му ставила наркотично средство. Таа била повикана во полициска станица, каде што негирала дека пиеле кафе.

МВР соопшти дека во полициската станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чиешто кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга, таа му дала кафе во коешто, според пријавеното, биле ставени наркотични средства.

„Жената била повикана во полициската станица Тетово, при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Дел од медиумите дознаа дека станува збор за пејачот Даниел Кајмакоски, а од неговата поранешна сопруга биле информирани дека „не сака да коментира глупости“.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе