Педофил од Македонија протеран од Дубровник

Педофил од Македонија, на социјалните мрежи праќал перверзни пораки до корисник на Фејсбук, за кој мислел дека е 12-годишно девојче, а всушност зад лажниот профил стоеле борци против педофилија, односно организацијата „Стоп на педофилијата" од Србија.

Полицијата во Дубровник поднесе кривична пријава против педофилот, но обвинителството ја отфрли, бидејќи жртвата не е таа што се претставувала. Сепак, работодавците на педофилот му дадоа отказ од градежната фирма во која што работел, а бил и протеран од земјата.

Еден од основачите на организацијата „Стоп на педофилијата" од Србија, во изјава за „Дубровачки дневник“ опишува како се одвивала акцијата.

„Тој испрати повик за пријателство на едно од диверзиите на 12-годишно девојче. Профилот на девојчето е сосема вообичаен, значи нема провоцирање, предизвикувачка облека, мини, деколте и слично. Таа машка личност што во тој момент престојуваше во Дубровник - се јави. Добро знаеше што зборува и што бара од детето. Преписката доволно говори, замислете што би правел со девојчето во стварност“, вели борецот против педофилија.

Македонецот потоа бара од малолетничката да му испрати фотографии каде што таа е гола, ја прашува што носи на себе и и пишува вулгарности и перверзии.

Еден од основачите на „Стоп на педофилијата“ вели дека со создавањето на социјалните мрежи, манијаците добија нови начини како да им пријдат на децата, а тие да им станат лесен плен. Поради тоа, како и поради низата силувања и убиства на деца во Србија, ја формирале организацијата, која сега има десетина оперативци низ цела поранешна Југославија. Користат лажни профили на деца, а како што велат, манијаците први се јавуваат.

„На почетокот секогаш кажуваме колку години има сопственикот на профилот, односно кажуваме дека станува збор за дете, сакајќи да им дадеме шанса да се откажат кога ќе сфатат дека разговараат со малолетник. Но, ретко кога се откажуваат“, посочува борецот против педофилија за „Дубровачки дневник“.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе