Патник нападнал таксист, пријавени повеќе физички напади во Скопје

Неколку физички напади во Скопје и скопско бил пријавени во полиција по последните два дена, меѓу кои и случајот со патник кој нападнал таксист којшто го возел.

Вчера И.М.(66) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00,15 часот на подрачјето на Карпош од едно лице кој бил патник во неговото такси возило бил физички нападнат. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ на С.С.(30) од Скопје.

М.А.(26) од Скопје утрово пријавил дека околу 01,00 часот во населбата Кисела Јабука во близина на угостителски објект бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет.

Во друг случај, синоќа Н.Х. (58) од Скопје пријавил дека околу 20,45 часот во центарот на Скопје бил физички нападнат од едно лице.
Скопјанката Т.Р.(34) од Скопје во полиција пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус била физички нападната од три лица.
Вчера попладне Д.Ѓ.(36) од Скопје, пријавил дека околу 15,42 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе