Вчера во 16.25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во пешак, машко лице. Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.