Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Четворицата членови на семејство од Берово, се обвините дека, за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, информираат од Јавното обвинителство.

„Тие се движеле со патничко моторно возило додека во сила бил полицискиот час, односно не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движње на територијата на Република Северна Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден“, соопштија од обвинителство.

Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил по едно кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија , за што јавен обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог и му предложи на надлежниот суд да им изрече парични казни во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе