Обвинителство - Скопје

Парични казни од по 2.000 евра за 19 лица кои го прекршиле полицискиот час

Скопското јавно обвинителство побара од судот 19 лица кои го прекршиле полицискиот час да бидат казнети со по 2.000 евра, односно казната е утрдена на 100 дневни глоби, при што износот на дневната глоба е 20 евра.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 19 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

Како што соопшти Јавното обвинителство, спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Тие, за време на определената забрана за движење на населението, се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

„Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност“, наведуваат од ЈО.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе