Пак повредени полицајци на обиколницата кај Радишани
Рано утрово на обиколницата во близина на клучка Радишани З.П. (30) од село Одри, Тетово управувајќи со возило БМВ удрил во возило „шкода јети" во кое имало двајца полицајци.
Полициските службеници добиле повреди и се пренесени на клиниките во „Мајка Тереза“, а возачот на БМВ билпренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител.
Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.