Пајакот подигнал 149 возила викендов во Скопје

Двајца пешаци, еден возач на мопед, еден велосипедист и еден сопатник на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 29 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според соопштението од СВР Скопје, санкционирани се 158 возачи, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, 57 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум почетници.

Од сообраќај се исклучени и три технички неисправни возила, 54 нерегистрирани и три возила за претовар.

За непрописно паркирање се издадени 216 мерки, а со специјалното возило „пајак“  подигнати се 149.

Казнети се и 20 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 12 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, 27 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, четири за неправилно престигнување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, 27 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 21 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 25 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување моторно возило. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе