Горно Лисиче

Паднала во јама со вода и се удавила

Скопјанката М.Т.(61) паднала во јама со вода и се удавила, вчера во селото Горно Лисиче.  

Според полицијата, нејзиниот сопруг Т.Т.(60) пријавил дека дента околу 16.30 часот на улицата Лисец, во близина на нивниот дом, ја пронашол неговата сопруга падната во дупка за јама полна со вода. Жената не давала знаци на живот.

Екипа на брза помош пристигнала на местото, но лекарот само констатирал смрт.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита го извадиле телото на починатата од јамата.

Полицијата извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе