Овластен службеник незаконски издавал дозволи за сеча на шума

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.К. (40) од Кичево поради постоење сомневање за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој како референт за користење на шуми во шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, на пет физички лица од Кичево кои поднеле барање за сеча на дабови дрва во месноста „Светорача“, атар на Кичево, им издал одобрение иако знаел дека не поседуваат доказ за право на сопственост на шумата.

Со тоа, пријавениот им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 382.500 денари.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе