Отворена истрага за убиството во Горно Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец на возраст од 37 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело убиство.

Фото: Роберт Атанасовски

Како што соопшти Јавното обвинителство, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, со поведување на истражната постапка до Судот поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.

„Телото на починатата беше пронајдено од минувачи на 5 август 2019 година, во атарот на селото Горно Оризари, во близина на локалниот пат што води од Шуто Оризари. Телото било таму оставено, откако осомниченот на 3 август околу 15:30 часот го извршил кривичното дело при вршење семејно насилство кон жртвата со која живеел во вонбрачна заедница. По настаната вербална расправија, осомничениот почнал со тупаници да ја удира жртвата по главата, по што ѝ нанел две убодни рани, од кои настанале тешки телесни повреди со смртен исход“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе