Отворена истрага за разбојништвото во казиното „Адмирал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле „разбојништво".

Како што соопшти Јавното обвинителство, еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето на кривичното дело.

Осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 јули 2019 година околу 22 часот, заедно со едно засега непознато лице, негов соизвршител, со употреба на пиштол се заканил на двајца вработени во казиното „Адмирал" лоцирано на улица „12 Македонска Бригада". Маскирани со фантомки, разбојниците влегле од задната врата на казиното и одзеле 126.161 денари. Во исто време, второосомничениот, 19-годишен скопјанец, ги чекал двајцата сторители во возилото „Ауди А5" кое го ставил на располагање за обезбедување превоз, со што помогнал во вршењето на кривичното дело.

Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од овластени службени лица по што побегнале.

„Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека за едно од осомничените лица се исполнети законските основи за обезбедување на непречено водење на кривичната постапка , па до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен од судот, по што на осомничениот му е определен притвор со траење од 30 дена“, соопштува Обвинителството.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе