Јавно обвинителство

Oтворена истрага против скопјанец кој имал две импровизирани лаборатории за марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33 - годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека лицето во станот во кој живее и во станот на неговиот покоен дедо во Скопје недозволено одгледувал, преработувал и држел за продажба наркотична дрога – марихуана, соопшти Обвинителството.

Јавното обвинителство информира дека при претрес во домот на осомничениот на булеварот „АСНОМ" во Скопје биле пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана.

„Во втората илегална импровизирана лабораторија, пак, во стан на булеварот „Партизански одреди", полициските службеници откриле уште 81 стебло од растението канабис сатива, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови. Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека ваквата мерка е неопходна за непречено водење на постапката, односно заради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност осомничениот да го повтори делото“, соопшти Обвинителството.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе