Отворена истрага откако кај скопјанец биле најдени кокаин и оружје

Против 38 годишен скопјанец е отворена истрага откако кај него полицијата пронајде 9,9 грама кокаин и дигитална вага со траги од наркотична дрога, како и пиштол „берета“ 950-В со калибар 6,35 мм и 20 куршуми од тој калибар, како и пиштол „Eкол туна“ со калибар 8 мм, информираат од Основното јавно обвинителство - Скопје.

Во соопштението се вели дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичен законик.

„На 17 мај, при претрес во домот на осомничениот на улица 'Ѓорѓи Костовски', полициските службеници пронашле 9,9 грама кокаин и дигитална вага со траги од наркотична дрога. Во исто време, при претресот биле пронајдени и пиштол Berreta модел 950-В со калибар 6,35 мм и 20 куршуми од тој калибар, како и пиштол Ekol Tuna со калибар 8 мм“, се вели во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство или да ги повтори делата за кои е осомничен.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе