Откриени Србинки кои работеле како пејачки во гостиварска кафеана

Во контрола на полицијата вчера по полноќ во кафеана во Гостивар, сопственост на Е.А. (53) откриени се три Србинки, за кои постои сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој и работеле како пејачки.

Од СВР Тетово информираат дека во угостителскиот објект на улицата „ЈНА“ биле затекнати четири лица од кои три српски и една државјанка на Република Македонија.

Трите странски државјанки на возраст од 24, 29 и 33 години се приведени во полициската станица во Гостивар и по извршениот разговор во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, тие се изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе