Откриени се пет лица кои вршеле превоз без соодветни лиценци

Oткриени се пет лица кои вршеле превоз на патници по подшарпланинските села во Гостиварско без соодветни лиценци. Полицијата ги санкционирала и наскоро ќе се соочат со кривични пријави.

Од СВР Тетово информираа дека денеска во периодот од 10 до 13 часот, на регионалниот пат Гостивар-Градец, службеници на гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај, во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

„При контролата откриени и законски санкционирани се вкупно пет возила, од кои четири комбиња и едно патничко возило, кои превезувале патници без потребните документи, односно лиценци. На нивните сопственици ќе им бидат изготвени кривични пријави согласно членот 284 А од Кривичниот законик“, неведуваат од СВР Тетово.

Оттаму најавуваат дека контроли во делот на јавниот превоз ќе има и во наредниот период. Со нив се очекува да се откријат и отстранат од сообраќај возилата кои вршат јавен превоз без потребни документи, технички неисправни и случаи кога ги управуваат лица без соодветни возачки дозволи.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе