По пријава на граѓанин

Откриени нелегално поставени додатоци на банкомат во Аеродром

На банкомат во скопски Аеродром по пријава од граѓанин полицијата открила нелегално поставени тастатура и скенинг детектор. Од претставник на банката било потврдено дека се работи за додатоци кои се нелегално поставени.   

Вчера околу 13:00 часот во Единицата за информации и команда Скопје, граѓанин пријавил дека при вадење на картичка од банкомат на банка на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Скопје забележал дека на банкоматот се вградени двојна тастатура и двоен скенинг детектор.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе