За време на денешните сообраќајни контроли во периодот од 9 до 13 часот, извршени од службеници на СВР Тетово, на ова полициско подрачје биле откриени 19 возила кои биле технички неисправни. Од нив 11 возила биле со тетовски регистерски таблички и осум со гостиварски таблички.
Од СВР Тетово велат дека најголемиот број од неисправните возила имале неисправни сопирачки, од нив 10 со тетовски таблички и 5 со гостиварски, а три тетовски и едно гостиварско возило имале неисправен уред за управување.
Сите возила се искличени од сообраќај, а нивните сопственици се санкционирани, велат од СВР Тетово.
За време на оваа сообраќајна контрола откриени се и четири возила со истечена регистрација и кои биле технички неисправни.
Шест возачи немале положен возачки испит, еден возач не ја носел дозволата, додека казнети се и двајца возачи почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи.