Изминатата ноќ во Скопје

Откриени 26 возачи под дејство на алкохол

Полицијата во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ при зајакната акциска контрола на подрачјето на Скопје открила 26 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 69 возачи кои ја пречекориле брзината на движење.

Од МВР информираат дека во текот на изминатата ноќ на подрачјето на Скопје во најголем дел на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Јордан Мијалков“ со специјално возило „пајак” се подигнати 27 возила кои биле непрописно паркирани.

Акциската контрола за откривање возачи кои управувале возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ја спровело во периодот од 23 часот вчера до 05 часот денеска, при што биле контролирани 159 возачи, a кај 26 било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 51 останати прекршоци.

Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената вчера во периодот од 6:00 до 22:00 часот спроведена е акциска контрола, при што констатирано е дека 69 возачи ја пречекориле брзината на движење и издадени се мандатни платни налози. Дополнително биле констатирани и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе