Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Вкупно 25 мигранти се пронајдени рано утринава во четири часот во три патнички возила на автопатот Велес-Скопје, после пунктот на „Македонија пат“.

Возилата биле со скопски таблички, а едното од нив марка „мерцедес" било превретено.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилата биле забележани кај Демир Капија и не застанале на даден знак за запирање по што продолжиме кон Скопје.

Во разговор со полициските службеници, мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе