Во полициска акција

Откриена работилница за оружје и муниција во скопска Топаана, приведени татко и син (ВИДЕО)

Шест ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут, пронајде полицијата во импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје во скопската населба Топаана. Приведени се татко и син, а при претрес и на викендичка на таткото пронајдено е уште многу оружје и муниција.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лишила од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, осомничени дека извршиле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи".

По претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција.

„Биле пронајдени шест ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут“, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, информира дека претрес бил извршен и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд куќа во село Раштак, при што биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

А.Ј. и С.Ј. се приведени во пoлициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе