Перт

Oткриена голема криминална банда во Австралија, член и македонскиот Пабло Ескобар

Берберот. Боксерот. Бизнисменот... Ова се само некои од професионалците за кои австралиската полиција тврди дека се дел од голема криминална мрежа за илегаална продажба, дел од интерконтинентална мрежа поврзана со САД и Колумбија.

Jaне Симоноски, македонскиот Пабло Ескобар

Минатиот викенд австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци како дел од оваа трансконтинентална мрежа за шверц со дрога. Различните професии и земји од каде што потекнуваат ја покажуваат широчината и обемот на оваа осомничена банда.

Целата акција почнала во САД и полициските рации во оваа земја покажале дека се работи за луѓе кои се занимаваат со шверц на дрога и оружје и заработуваат милионски суми.

Неколкумина од уапсените и обвинетите веќе се појавија на суд. Еден од нив беше и Славко Алексиќ.

Во судот обвиненијата се однесуваат на нелегално поседување забранета дрога, поседување на нелиценцирано огнено оружје, незаконски стекнат имот, загрозување на живот, здравје или безбедноста на поединци... Можните казни за оваа банда се од парични казни до доживотен затвор.

Полицијата верува дека водач на оваа група бил 23-годишен државјанин на Австралија, кој пред неколку месеци ја напуштил оваа земја.

Следната недела во судот треба да се појави и Кристофер Одеро Очиенг Бонди, сопственик на ноќен клуб. Тој е обвинет за поседување оружје и перење пари.

Тука е и берберот Армин Ебрахими Далеку, Дилан Купер, сопственик на модна куќа, Травис Хартзер, локален фудбалер, Јане Симоноски, сопственик на сала за џакузи, опишан како „македонски Пабло Ескобар",  обвинет за перење пари.

Западноавстралиската полиција открива дека педесетина други луѓе локално биле поврзани со работата на оваа група обвинета за повеќе од 130 прекршоци.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе