Автопат Гевгелија-Скопје

Откриен камион со мигранти, возачот избегал

Полицијата го бара возачот кој завчера вечерта успеал да избега откако во камионот што го управувал биле откриени 44 мигранти, информира МВР.

Екипа на мобилната царинска единица, завчера во 22 часот на автопатот Гевгелија - Скопје забележале камион „ивеко“ со скопски таблици и во координација со полициски службеници од ГП Богородица, се упатиле по него.

Кај првиот тунел во правец од Гевгелија кон Скопје возачот ги забележал полицајците, го сопрел возилото и избегал.

Во возилото биле пронајдени 44 мигранти, 10 од Сирија, 20 од Пакистан, 12 од Авганистан и двајца од Индија.

 

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе