Осумнаесетгодишник со нож ја напднал невенчаната сопруга

Од полициски службеници од СВР Велес вчера бил лишен од слобода 18 годишниот  Е.А. од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на улица „Нада Бутникошарева" во Велес, физички ја нападнал својата невенчана седумнаесет годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди. Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес.

„По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, најави Додевски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе