Кај наплатната рампа „Романовце“

Осумнаесетгодишна девојка од Куманово загина во судар на автомобил и камион

Осумнаесетгодишна девојка од Куманово загина, а две лице се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на наплатната станица „Романовце", кумановско, соопшти МВР.  Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „ауди" и камион „застава". Дваесет-годишниот возачот на автомобилот е тешко повреден, а со повреди поминал и возачот на камионот.

Девојката М.М. починала на местото на несреќата, а возачот С.С. се здобил со тешки повреди, а повреди биле констатирани во кумановсвката болница и на возачот на каминотот, Д.В. (55).

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на обвинителот, телото на починатата било дадено на обдукција.

Сообраќајна несреќа вчера се случи и на локалниот пат Куманово – село Романовце кај месноста „Мачја глава", соопшти денеска МВР. Во несреќата учествувале два автомобила. Повредени се двајца малолетници од кои едниот возач, другиот совозач и уште две лица.

„Во 16.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат Куманово – село Романовце, кај местото Мачја глава, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило 'фолксваген поло', со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Куманово и патничко возило 'бмв', со швајцарска национална ознака, управувано од А.Д.(29) од кумановското село Романовце. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото 'фолксваген пол'" и друг малолетен сопатник во истото возило, додека со телесни повреди се здобиле А.Д. и С.Б.(39) од Куманово, совозач во возилото „бмв", констатирани во болницата во Куманово“-соопшти МВР.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе