Трагедија во Бардовци

Осумгодишно девојче се удави во базен во семејна куќа

Осумгодишно девојче се удавило во базен во семејната куќа во Бардовци, вчера, соопшти полицијата. Синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза" било донесено починато осумгодишно девојче од селото Бардовци, Скопско.

Девојчето околу 21.15 часот се удавило во базен од семејната куќа.

Од итна медицинска помош била извршена реанимација, по што била пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза", каде од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе