За време на сообраќајни котроли на територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден казнети се вкупно 137 лица.
Најголем број од нив, дури 80 казни им се изречени на возачи поради пречекорување на дозволената брзина.
При контролата откриени се десет возачи без возачка дозвола и шест возила кои не биле регистрирани.
Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.