Осум сообраќајки вчера во Скопје, две лица со тешки повреди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица со телесни повреди.

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 38 возачи од кои 11 управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден возач затоа што бил возач-почетник и осум останати сообраќајни прекршоци.

Исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 10 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување,11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 40 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе