Осум кривични пријави за фалсификувани ПЦР-тестови

Регионалниот центар за Гранични работи Исток поднесе осум кривични пријави за лица кои на граничниот премин „Деве Баир“ прикажале фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирус.

Како што соопшти МВР, кривични пријави се поднесени против Е.М. (34), Ф.Х.М.(33), двајцата од село Врапчиште, Гостиварско, Е.И. (31), Џ.И. (29), двајцата од Гостивар, Н.А. (42) од Кондово, Скопско, В.Б. (22), А.М. (35), двајцата од Студеничани, Скопско и Б.С. (25) од Скопје, поради постоење сомневање за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.

Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР-тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани. 

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе