Идризово - Велес

Осуденик со трактор тешко повредил друг затвореник

Вчера напладне од Казнено-поправната установа Идризово – отворено одделение Велес, било пријавено дека осуденикот Д.М. (38) од селото Бузалково, управувајќи трактор во Превалец, изгубил контрола и тракторот се излизгал наназад, при што му нанел тешки телесни повреди на осуденикот К.Г.(52) од Гевгелија.

Како што јави МВР, несреќата се случила додека затворениците вршеле работни задачи.

К.Г. бил пренесен во болницата во Велес, а увид на местото извршила полициска екипа.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе