ВО ЗАТВОРОТ ВО ИДРИЗОВО

Затвореник во тепачка пробол друг осуденик во нога

Затвореник завршил со убодна рана во ногата во тепачка со друг затвореник вчера во затворот во Идризово. Инцидентот, соопштуваат од МВР, се случил во 19 часот. 

Во Казнено поправната установа  Идризово  во затворениот дел, дошло да расправија помеѓу затворениците Е.Б (28)  и Е.И (34) двајцата од Скопје. 
Во еден момент Е.И со  остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата нога на Е.Б. 
Со возило од Казнено поправната установа Идризово, Е.Б е префрлен во Ургентен Центар-Скопје, каде од страна на доктор се констатирани телесни повреди. Настанот е во надлежност на КПУ Идризово.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе