Во 3.20 часот е пријавено дека во Скопје, на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред Амбасадата на Република Бугарија, патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, удрило во канделабра за улично осветлување, а потоа и во две паркирани патнички возила „мерцедес" и „бмв", сопственост на Амбасадата и го напуштило местото на незгодата, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, се вели во кусото соопштение во кое не се наведени други можни детали.