Oколу 100 килограми марихуана пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Jавното обвинителство на Република Северна Македонија  денеска соопшти дека осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале марихуана во количина од 99,95 килограми.

„Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил бмв.Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатна станица при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната“, се појаснува во соопштението.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз соизвршители заради попречување на истражната постапка и опасност да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените, стои во соопштението, им определи притвор во траење од 30 дена. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе