ОЈО: Возачот кој во Куманово усмрти еден пешак и повреди двајца возел пијан

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за сообраќајна незгода што се случи на 28 јули на булеварот „Трета Македонска Бригада“ во Куманово. Во сообраќајката патничко моторно возило „форд фиеста“ удри во пешаци, при што едно лице го загуби животот, а две лица се здобиени со телесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител, при увид на местото на несреќата презеде дејствија во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Повикано е вешто лице од областа на сообраќајот да присуствува на увидот на самото место, издадена е наредба за проверка на количина на алкохол во крв и урина на осомничениот и на двајцата оштетени со здобиени телесни повреди, информираат од Основното јавно обвинителство.

Кај возачот е констатирано присуство на алкохол во организмот од 1,41 г/кг, а направен е и преглед на видеозаписи од камерите поставени во близина на сообраќајната несреќа.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на починатото лице и направени се фотографии и скици. Издадена е наредба да се изврши вонреден технички преглед на возилото, како и фиксирање на сите пронајдени траги и предмети, нивно подигање од кримтехника.

„Во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител продолжи со преземање дејствија, односно издадена е наредба за одземање на видеозапис од објект поставен во близина на случената сообраќајна незгода, изврши испитување на двајцата оштетени во својство на сведоци, како и на осомничениот“, велат од Основното јавно обвинителство.

Според сознанијата на обвинителството, осомничениот 70-годишен жител на Куманово, не се придржувал кон прописите во сообраќајот и под дејство на алкохол го загрозил јавниот сообраќај доведувајќи ги во опасност животот и телото на починатото лице и оштетените. Откако управувајќи со возилото се движел по патот без да посвети внимание на пешаците кои стоеле на коловозот до возилото кое било паркирано на десната сообраќајна лента, осомничениот со предната десна страна од патничкото моторно возило удрил во пешаците.

Обвинителството поведе постапка против осомничениот за едно кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

До судијата е поднесен предлог за определување на мерката куќен притвор против осомничениот, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Судијата на претходна постапка по спроведената постапка донесе Решение со кое на осомниченото лице му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена. 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе