ОЈО: Психијатриско лекување за лице обвинето за братоубиство

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за изрекување мерка на безбедност „задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“ за едно лице обвинето дека извршило кривично дело братоубиство.

Обвинетиот, како што информираат од ОЈО во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест – параноидно растројство, при вршење семејно насилство, со умисла го лишил од живот сопствениот брат.

„Двајцата браќа најпрвин на 5 јануари почнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на својот брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, по што починал“, информираат од ОЈО.

Обвинетиот се терети за извршено дело убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со чл.12 ст.1 од Кривичниот законик. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе