ОЈО: Притвор за 19-годишник кој својата малолетна девојка ја терал на проституција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело посредување во вршење проституција.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот во текот на последните два месеца ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка. Тој преку нејзиниот профил на Инстаграм до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица. Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците. Поради тоа надлежен јавен обвинител предложил да му биде определена мерка притвор.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе