OJO: Ќе се вештачи пронајдената рачна бомба во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи извршија увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин“ во Прилеп. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана.

Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Издадена е наредби за проверки и расчистување на настанот, соопшти Основното јавно обвинителство Прилеп.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе