ОЈО: Двајца возачи загинаа во сообраќајка кај Демир Капија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.

Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи“, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и  возачот на  автомобилот „голф 3“ , 51-годишен жител на Неготино.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Местото на сообраќајната несреќа е фотографирано, скицирано и издадена е наредба за сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата .

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе