OJO: Барање за притвор за скопјанец кој на тригодишно девојче и ги ставал рацете на шпорет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 и „запуштање и малтретирање дете“ по член 201 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти ОЈО Скопје.

Осомничениот, како што соопшти обвинителството, на 7 јануари во домот на улица „Вашингтонска“ во Скопје, при вршење семејно насилство со умисла, тешко телесно повредил жена со која живеел во вонбрачна заедница.

„По претходна вербална расправија, тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на лицето, а потоа со тврд предмет-парче дрво замавнал и ја удрил по главата и телото. Потоа насилно ја турнал оштетената на подот и продолжил со клоци да ја удира по стомакот, нанесувајќи и тешки телесни повреди. Додека оштетената се обидела да повика помош, тој се приближил кон нејзината тригодишна ќерка и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како очув, почнал да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди“, соопштија од обвинителството.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе