МВР билтен

Охриѓанец тешко повреден откако излетал од пат

39-годишен охриѓанец е тешко повреден откако излетал од патот Охрид-Св.Наум. 

Во текот на вчерашниот ден во 15.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Свети Наум Г.Џ.(39) од Охрид, управувајќи патничко возило „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Џ.(32) од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе