МВР

Охриѓанец пријавен поради уцена и закани за објавување „недолични работи“ за ќерки на сограѓанин

На 17.05.2018 година во 01.30 часот во Полициската станица во Охрид С.Д. од Охрид пријавил кривично дело ,,уцена" според член 259 став 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, С.И. му се јавил на С.Д. на 17.05.2018 година на полноќ преку телефон и му побарал да му даде 5.000 евра, под закана дека, во спротивно, ќе објавел „недолични работи“ за неговите ќерки. По тоа пријавителот му исклучил, соопшти МВР.

Според пријавата, по половина час, пријавителот добил неколку смс - пораки со заканувачка содржина и фотографии, по што С.И. повторно стапил во контакт преку телефон со пријавителот. За настанот е известен јавен обвинител.

                                                                                                                                                                                                                                                                            МИА

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе