Охриѓанец измамен преку Фејсбук, наместо да добие наследство изгубил над 4 илјади евра

Вчера во СВР Охрид, 53-годишен жител од Охрид пријавил дека на 01.03.2021 бил измамен на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција.

Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството, треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе