Основното јавно обвинителство Скопје

Охриѓанец да плати 2.000 евра казна, се шетал низ Скопје за време на полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека поднело предлог за парична казна од 2.000 евра за 33-годишен охриѓанец поради непочитување на полицискиот час. Тој на 11 јуни бил затекнат од полицијата како се движи низ Скопје во време кога движењето беше ограничено.

Жител на Охрид се товари за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„На 11 јуни, спротивно на прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот бил затекнат како без дозвола се движи на улицата „Коста Абрашевиќ" во Скопје, информираат од ЈО.

Јавниот обвинител предложил на обвинетиот да му биде одредена парична казна од 100 дневни глоби со поединечен износ на една дневна глоба од 20 евра, односно казна во вредност од 2.000 евра.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе